Двата производители на авионска опрема “Спејс икс“ и “Боинг“ напорно работат да го исполнат договорот на НАСА, да произведат летала и да лансираат астронаути во ниската Земјина орбита до 2018та, (со три години закаснување). Спејс икс работи на неговото летало Dragon, додека Боинг го развива и тестира неговиот CST-100 Starliner.
На крајот, во средата Боинг, за прв пат јавно го прикажа круцијалниот нов дел од неговиот Старлајнер систем: вселенски костум кој ќе ги заштитува астронаутите од новата генерација, кои ќе патуваат кон Интернационалната Вселенска Станица и евентуално други егзотични дестинации, како астероиди, или дури и на Марс.
Зад овој проект стои поранешниот астронаут Крис Фергусон, директор на Боинг-овиот програм “Starliner Crew and Mission System“, како и главниот дизајнер Шејн Џејкобс.
“Во минатото астронаутите ги користе оне релативно габаритни, тешки костуми со дебел прстен околу вратот. Низ годините сфативме дека можеби сето тоа и не е толку потребно,“ вели Фергусон во промотивното видео на Боинг.
Типичен костум од вселенскиот шатл систем, тежи речиси 15 килограми, додека Боинг-овиот нов костум тежи само околу 5.4 килограми.
Според Боинг, костумот исто така овозможува поголема комоција и свежина при носењето. Материјалот под рамениците е мрежа, која овозможува пасивно струење на воздухот низ костумот.
“Слободно можете да седите во него без да имате потреба од дополнително ладење. Толку е комфорно,“ тврди Фергусон.
Костумот исто така содржи и кацига која може да се поврзува со оделото преку голем патент, како и помали ракавици од старите (кои, секако, се направени со материјал кој овозможува интеракција со екрани на допир).
Во продолжение погледнете неколку од првите јавни фотографии на вселенските костуми на Боинг.
Ова е новиот CST-100 Старлајнер костум, дизајниран и произведен од Боинг:
Ова е поранешниот астронаут Крис Фергусон, еден од неговите дизајнери, носејќи го уредот. Ракавиците се компитабилни со допир на екранот.
Кацигата е спроведена со дебел вакумски патент. Астронаутот на НАСА, Ерик Бо е човекот во костум.
Астронаутот на НАСА, Сани Вилијамс носи вообичаен ‘Snoopy cap’ комуникациски систем, кој се носи под Старлајнер кацигата.
Тука се гледа кацига комплетно закопчана. (Тоа е повторно Фергусон.)
Астронаутот Бо е врзан во прототип капсула на CST-100 Старлајнер.
Вработен во Боинг работи со Бо додека трае тестот:
Леталото CST-100 Старлајнер ќе може да носи до 7 астронаути:
Астронаутот Бо го покажува остатокот од костумот, вклучувајќи ги и чизмите.