Британска експедиција во потрага по бродот на истражувачот Шеклтон

Британски археолог замина на мисија на антарктикот во потрага по бродот „Ендуранс“, со кој во 1915 година пловел истражувачот Ернест Шеклтон, пренесува британски „Мирор“.  Поморскиот археолог Менсун Боунд веќе е на мразокршачот „Ведел“, а пред поаѓањето изјави дека неговото открити ќе биде поголемо од објавата кога беше откриен трупот на „Титаник“.

 Истражувачот Сер Ернест Шеклтон, сакал да биде првиот морепловец кој ќе помине преку Јужниот пол, но не успеал.

„Неговиот брод не го издржал предизвикот и во ноември 1915 останал заглавен меѓу сантите. Веројатно пловел напуштен некое време и потонал“, рекол во своја изјава за ИТВ-Њуз, Шарлот Конели, кустос во музејот на шкотскиот институт за поларни истражувања.

„Со својата судбина тогаш морало да се соочат 28 морнари кои имале на располагање три чамци за спасување“, продолжил Конели, додавајќи дека само шестмина од нив успеале да преживеат. Остатоците од бродот никогаш не се пронајдени.

Археологот Боунд очекува дека експедицијата ќе биде вистински предизвик бидејќи очекува остатоците од бродот да се наоѓаат заглавени на неколку километри под површината на мразот.

“Згора на тоа, мораме да се запрашаме во каква состојба би можело да бидат остатоците од бродот. Ние ги имаме координатите забележани од страна на еден од шестмината преживеани морнари од бродот на Шеклтон, но не знаеме дали и колку се зачувани остатоците“, изјавил Боунд.

Се очекува бродот со експедицијата на Боунд на локацијата да пристигне до крајот на неделава кога ќе започнат пребарувањата со употреба на најсофистицирана и современа опрема.

Поддржете ја нашата работа: