Антички гробишта со 40 мумии сместени во камени саркофаги со човечки лица неодамна се откриени во долината на Нил, а помеѓу нив и еден женски приврзок за ѓердан со хиероглифски натпис “среќна нова година” – објави Египетското Министерство за антиквитети.
Археолозите, кои ги започнаа ископувањата на локалитетот минатата година, пронајдоа гробови на свештениците на Тот, античкиот бог на месечината и мудроста, како и членовите на семејството со нивните имиња испишани со хиероглифи.
Гробницата, која е стара повеќе од 2.000 години, беше откриена во градот Минја, јужно од Каиро, и содржи канопични вази и други погребни предмети.
Станува збор за северната област на Туна ал Габал, археолошки локалитет на работ на западниот пустиг на Египет, и е најновото откритие во областа позната како домот на древните египетски катакомби.
Мумијата на свештеникот била пронајдена украсена со сини и црвени мониста и бронзени позлатени плочки. Археолозите, исто така, открија 40 саркофази за кои се верува дека припаѓаат на членовите на семејството на свештеникот, некои ги носат имињата на нивните сопственици во хиероглифи. Во близина е откриена уште една гроница со неколку ковчези, статуи кои ги прикажуваат старите свештеници и други погребни артефакти.
Министерот за антиквитети Калед ал-Анани вели: “Ќе ни требаат најмалку пет години за работа на некрополата. Ова е само почеток на новото откритие”.
Меѓу пронајдените предмети има четири добро сочувани ванински вазни со печатени хиероглифи во кои се содржани мумифицираните внатрешни органи на нивниот сопственик, големиот свештеник.
Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, вели дека досега се пронајдени 8 гробници, а се очекува да се пронајдат и повеќе. Тој смета дека оваа некропола содржи многу повеќе семејства кои датираат од Птоломејската ера, која означува време помеѓу смртта на Александар Велики и Клеопатра.
Египетските антиквитети привлекуваат посетители од целиот свет, а властите се надеваат дека новите пронајдоци ќе привлечат уште повеќе за да помогнат во развојот на туризмот.