Бродот „Energy Observer“ го започна својот пат околу светот

Бродот кој сам се снабдува со енергија заплови од Париз на шестгодишно патување околу светот. Креаторите се надеваат дека овој проект ќе претставува модел за идните бродови без емисија на штетни гасови.

Image result for Energy Observer boat

„Energy Observer“ за напојување користи соларни панели, турбини на ветер и систем на водородни келии ( повеќе на енаука.мк -„Брод на соларна енергија“). Бродот кој чини пет милиони долари, на 15-ти јули заплови од Париз кон Атлантикот. и на своето шестгодично патување ќе направи 100 попатни запирања низ 50 земји.

Ово 30-метарски катамаран преку ден ќе користи енергија добиена од сонцето и ветрот, а ноќе од резервите од водород кој бродот сам го произведува преку системот за електролиза на морската вода.

Пред да биде пренаменет за проектот „Energy Observer“, бродот кој е направен 1983 година служел како брод за трки.

 

Поддржете ја нашата работа: