Не ви се допаѓа брокулата? Што ако ви кажеме дека помага при губење на телеса тежина? Новата студија од Универзитетот Каназава во Јапонија, објавена во списанието Diabetes, направена на глувци кои јаделе високо калорична исхрана, покажала дека еда компонента која ја содржи брокулата го спречува дебелеењето. Откритието може да отвори нов пат кон терапиите за слабеење со вклучување во исхраната брокула која е богата со сулфорафан.
Богатото ниво на сулфорафан во брокулата, имено им помогнал на глувците да ослабат. Тие се дебелееле 15 отсто помалку, имале 20 отсто помалку масти околу половината и градите, глукозата во крвта им била пониска отколку кај глувците кои не внесувале сулорафан.
Истражувањето покажало дека земањето сулфорафан дава повеќе енергија и согорува масти, а истовремено помага при рамнотежата на добрите бактерии во цревата. Заедничкото влијание обезбедува промовирање на компонентата и здрава тежина дури и ако во исхраната е присутна мрсна храна.
Сулфорафан има во брокулата, прокељ и зелка. Студијата од Универзитетот во Орегон од 2015та пак, покажала дека сулфорафанот селективно ги уништува канцерогените клетки и така служи како превенција при создавање на метастази. Тој помага за превенција на одредени ензими кои предизвикуваат карцином во телото додека истовремено го зголемува производството на ензими кои ги чистат канцерогените компоненти или оние кои предизвикуваат карцином надвор од телото.
Доколку превенцијата за карцином и губење на телесната тежина не се доволна причина, ќе кажеме и дека брокулата исто така го помага одржувањето на здравјето на црниот дроб.
Една студија од Универзитетот во Илиноис за земјоделие и животна средина од 2016та година, покажала дека глувците, хранети со брокула имале генерално подобра функција на црниот дроб од оние кои воопшто не внесувале брокула во нивната исхрана. Глувците биле поздрави, а особени им била поздрава функцијата на црниот дроб. Брокулата, најдобро е да се спреми на пареа, за да обезбени повисоко ниво на сулфорафан.