Чајот може да влијае на епигенетските промени

Веќе е познато дека многу фактори на животната средина и начинот на живот можат да влијаат на епигенетските промени, добар пример за тоа е изборот на начинот на исхраната, пушењето или изложеноста на штетните хемикалии. Модификациите во телото кои влијаат на тоа, кои гени се исклучени а кои се вклучени ги проучува епигенетиката.

Во новата студија, од Универзитетот во Упсала е докажано дека пиењето чај кај жените може да биде поврзано со епигенетски промени во 28 различни генетски региони кои може да се поврзат со рак или метаболизмот на естрогени хормони.

Истите промени не биле забележани при конзумирање на кафе, и генерално истото не е забележано кај мажи кои редовно пијат чај. Истражувањето опфатило примероци од ДНК на повеќе од 3.000 возрасни лица кои учествувале во неколку различни истражувања во Европа. Анализата била прилагодена според возраста, полот и статусот на поединецот, дали е пушач или не.

Tea Garden Nature Green Landscape Tea Peace Plant

Не се достапни информации од тоа каков вид на чај конзумирале оние кои учествувале во истражувањето. Не може да се каже колку долго и колку често некое лице треба да конзумира чај за да доживее епигенетски промени, но се надевам дека со тоа прашање ќе се соочам во моите идни истражувања, вели Вероника Ек, од одделот за имунологија, генетика и патологија на Универзитетот во Упсала.

Како овие промени се всушност поврзани со реалните резултати и натаму е неизвесно. Ек истакнува дека многу истражувања покажале дека пиењето чај дефинитивно може да игра важна улога во сузбивање на напредокот на туморот, намалување на воспаленијата и намалување на нивото на естроген кај жените.

“Наведените епигенетски промени можат да бидат еден механизам позади забележаните здравствени ефекти” објаснува Ек, додавајќи дека оваа теорија мора да се потврди и во поголеми истражувања.

Поддржете ја нашата работа: