До 1980 година, островот Котисари било место каде се состанувале дрварите од малиот град Рованиеми во областа Лапланд во Финска. Еден од објектите на островот тогаш е претворен во таверна, а дневниот траект ги носи луѓето до островот.
Од 2015 година, локалниот фотограф Јани Јлинампа успева да создаде фотографии од танцувачката аурора бореалис, прекрасното зајдисонце, прекрасни шуми, езера и другите чуда на природата.
“Сезонските промени во Лапланд се драстични, и ова е одличен начин за да го покажеме островот”, вели Јани.
Островот е само четири километри оддалечен од Арктичкиот круг, па температурата во зимските месеци паѓа секогаш под нула. Јани вели дека особено во зима е потребно времето да биде суво, за да се направат добри фотографии со дрон.
Реката Кеми до 1980 година е користена како лебдечки канал за дрвната индустрија, но на крајот овој систем е заменет со употреба на камиони. Идиличниот остров сега станува туристичка атракција која е достапна само со брод.