Пронајдени тајни тунели под Алкатраз

СПОДЕЛИ

Во рамките на новите археолошки истражувања под познатиот затвор Алкатраз, откриени се тунели и остатоци од воена тврдина од периодот на американската граѓанска војна.

Историчарите отсекогаш претпоставувале дека под познатата тврдина која беше озлогласен затвор во Калифорнија, се наоѓаат остатоци од 19ти век, што е потврдено во наодите кои се објавени во списанието Near Surface Geophysics.

Археолозите при истражување на теренот, кој сега го одржува Националниот парк, користеле радари и ласерско скенирање на земјата. Пронајдени се објекти, складишта со муниција и тунели.

An 1867 map of Alcatraz Island when it was a military fort. The defensive barracks shown in the center would later become the citadel and first prison

“Остатоците се веднаш под вашите нозе, многу блиску до површината и се многу добро зачувани”, вели археологот од Универзитетот Бингамон, Тимоти де Смит.

Охрабрени од нови докази, истражувачите на озлогласениот затвор планираат да направат повеќе тестови.

Островот Алкатраз е сместен во залив на 2,4 километри од брегот на Сан Франциско, Калифорнија, САД. Честопати именуван како „Карпата“, малиот остров бил опремен за светилник, воена тврдина, воен затвор и Сојузно биро за затворски казни, федерален затвор сè до 21 март 1963 година.

Во ноември 1969 година, островот бил окупиран повеќе од 19 месеци од група Индијанци од Сан Франциско кои биле дел од бран на индијански активизам низ целата земја со јавни протести во текот на 1970–тите. Во 1972 година, Алкатраз прераснал во рекреативен простор и го добил називот на Народна историска знаменитост во 1986 година.

Дискусија

Коментари