Чистото маслиново масло помага во зачувување на меморијата и спечување на Алцхајмерова болест

Веќе одамна е познато за бенефитот од медитеранскиот начин на исхрана за нашето здравје, а посебно маслиновото масло. Научниците во новата студија откриле уште едно својство на маслиновото масло кое поволно делува на здравјето. Станува збор за зачувување на меморијата и неговата способност да го заштити мозокот од Алцхајмерова болест.

Научниците од Луис Кац, факултетот за медицина на Универзитетот Темпл, ја објавија својата студија во списанието Annals of Clinical and Translational Neurology. Тие дошле до сознание дека екстра девственото маслиново масло го намалува формирањето на бета-амилоид плакетот и неурофибрилаторните јазли – класични индикатори на Алцхајмерова болест.

Проф. Доменико Пратико со својот тим открил механизми кои се наоѓаат позади заштитните својства на маслиновото масло. Тоа ги намалува воспалителните процеси во мозокот и го активира процесот на автофагија. Во процесот на автофагија, клетките го чистат меѓуклеточниот отпад и токсините.

Глувците, на кои им се давало екстра девственото маслиново масло, имале зголемено ниво на автофагија во мозочните клетки и намалено ниво на амилоидни плаки и хиперфосфориларен тау-протеин кој е одговорен за неврофибриларните јазли кои придонесуваат за дисфункција на нервните клетки, одговорни за појава на Алцхајмерова болест.

Истражувачите ги поделиле животните во две групи. Забележани се огромни разлики во изгледот и функцијата на мозочните клетки. Врските помеѓу невроните, т.н. синапси биле подобро сочувани кај глувци на кои им се давало маслиново масло и кај нив дошно до зголемување на процесот на автофагија. Истите покажале подобра меморија и способност за учење.

Ова откритие е важно бидејќи научниците мислат дека намалената автофагија означува почеток на Алцхајмерова болест. Тие сакаат да продолжат со истражување и да откријат дали маслиновото масло навистина може да помогне при лекување на болест, откако таа веќе се случила и е во напредна фаза.

Поддржете ја нашата работа: