Недостаток на витамин Д кај децата што не пијат млеко

Сѐ повеќе се зголемува популарноста на млекото од соја, ориз, бадеми или пак козјото млеко како резултат на здравствени придобивки, алергии или нетолеранција на лактоза.

Во истражувањето биле вклучени 3 821 здраво дете на возраст од една до шест години. „Децата кои не пиеле кравјо млеко имале двојно повеќе недостаток на витамин Д отколку децата што пиеле само кравјо млеко. Кај оние деца што не пиеле кравјо млеко, со секоја дополнителна чашка млеко, бил регистриран пад на нивото на витаминот Д за 5% месечно“, вели д-р Џонатан Мегваер, педијатар и истражувач во болницата „ St. Michael’s

Витаминот Д е неопходна хранлива материја која се произведува преку изложеност на сонце и исто така се наоѓа во кравјото млеко, рибата и др. храна. Многу е важен за развојот и зацврстувањето на коските, особено кај децата бидејќи може да предизвика слабост на коските или во најлош случај рахитис, што може да доведе до деформитети на коските.

Во Северна Америка, секои 100 милилитри кравјо млеко се збогатуваат со 40 единици на витамин Д. Меѓутоа, збогатувањето на останатото млеко не е задолжително. Затоа д-р Мегваер смета дека родителите треба да бидат свесни за нивото на витамин Д, калциум и др. хранливи материи во млечните напитоци за да можат да го направат најдобриот избор за своите деца.

Д-р Мегваер исто така смета дека овие истражувања можат да им бидат од помош на оние негуватели кои работат со деца со алергија на кравјо млеко, нетолеранција на лактоза или пак посебни диети кои забрануваат конзумирање на кравјо млеко.

Поддржете ја нашата работа: