7 работи кои ги правите, а вашите мачки потајно ги мразат

СПОДЕЛИ

Мачките се доста префинети суштества. Поголемиот дел од времето тие се симпатични, поспани и разиграни. Но, постојат моменти кога тие или сакаат да ловат или пак сеедно не сакаат да ги вознемирувате.

И покрај тоа, додека ние во скоро секој момент сакаме да ги галиме или собираме од каде ќе ни се најдат на пат, тие едноставно не уживаат во тоа.

Еве седум работи кои им ги правите, а вашите мачки потајно ги мразат:

Вашата мачка потајно мрази да биде згрижена како бебе во вашите раце

Некои мачки сакаат да ви седат во скут, да се галат или да ги кренете од под кога ќе се ватите од работа, но секако мразат да ги чувате во прегратка како бебе.

Во таа позиција, вашата мачка се чувствува несигурна и сака да се врати на под. Иако можеби вам ова ви се чини симпатично, за нив навистина не е омилена работа.

Вашата мачка потајно ве мрази додека ја фотографирате

Можеби обожавате да ја фотографирате вашата мачка, но она што не сте го сфатиле е тоа што можеби таа не го сака вашиот мобилен пред нејзиниот лик 24/7.

Најфрустрирачко нешто за нив е блицот. Најмалку што можете да направите за да го направите среќен машиот крзнен миленик е да му посветите вистинско време за заедничка игра.

Вашата мачка потајно го мрази контактот со очи

Мачките комуницираат со нивните очи. За нив, контактот со очи значи средство за воспоставување на доминација; ако први го тргнете погледот, вашата мачка ќе мисли дека ја добила битката, но доколку го зачувате погледот подолго време, тоа го сметаат за агресивно однесување и таа можеби ќе се подготви за напад.

Доколку вашата мачка трепка или ви намигнува, тоа е добар знак – тоа е знак на наклонетост кој покажува дека животното не се чувствува загрозено.

Вашата мачка потајно мрази кога емитирате мјаукање

Мачките мјаукаат единствено кога сакаат да комуницираат со луѓе, но не и меѓусебно. Затоа од вас не очекуваат да им вратите со иста мера. Според National Geographic, мачките вокализираат за да го привлечат вашето внимание. Кога и да им е потребна храна, вода, легло, игра или галење, мачките знаат да испуштаат разни варијации на звуци кои нас ни се чинат симпатични.

Вашата мачка не толку тајно мрази кога ја облекувате

Според Wide Open Pets, мачките не сакаат кога вие имате нешто против нивното крзно. Додатна облека едноставно не им треба, а доколку облекувате мачка, облеката ќе направи таа да не се чувствува удобно.

За да бидете сигурни на секој начин, прескокнете го облекувањето на вашата мачка во вашиот сладок аутфит, бидејќи таа и не толку тајно го мрази тоа.

Вашата мачка потајно мрази кога и давате млеко

Според cattime.com, повеќето мачки се нетолерантни за лактоза, па затоа идејата дека мачките сакаат млеко е всушност мит.

Млекото кај мачките предизвикува непријатност и стомачни проблеми во рок од 8-12 часа од конзумирањето. Тоа не значи дека мачката доколку и дадете млеко нема да го испие, но тоа и прави повеќе штета отколку добро.

Вашата мачка потајно мрази промени

Купувањето нов вид на храна, патување со автомобил, гости, одење на ветеринар…сите овие претставуваат настани за вашата мачка кои и предизвикуваат стрес.

Промените на било кој дел во околината треба да бидат постепени со цел мачката да се прилагоди на новата средина. Доколку нешто е стресно за вас, исто толку е стресно и за вашиот крзнен миленик.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ