Дневниот препорачан внес на витамин Д е погрешен во целиот свет

Истражувачите од Универзитетот во Сан Диего и Универзитетот Клејтон, ги оспорија препораките од Националната академија на науки (NAS) и Институтот за медицина (IOM) за потребната дневна доза од витамин Д. Тие тврдат дека потребната дневна доза е за 10 пати поголема од досега препорачаната.

Во написот објавен во списанието „Nutrients“, научниците, со помош на податоците поставени од различни популации, ја потврдија грешката што беше забележана од други истражувачи. Д-р Герланд и неговиот тим објавија дека биле во состојба да ги потврдат наодите објавени од д-р Пол Вогелерс од Универзитетот во Алберта, и истите се  објавени во истото списание.

Препорачаниот внес на витамин Д, особено според „IOM“, изнесува 600 ИЕ (Интернационални единици) дневно, за лица до 70 годишна возраст и 800 ИЕ за лицата над таа возраст, но според новите истражувања тие би требало да бидат од 6000 – 9000 ИЕ.

Ова иако на прв поглед делува малку надвор од постоечките протоколи и препораки но сепак научниците велат дека според нивните пресметки  како и според пресметките од други истражувачи, постојната препорачана доза на витамин Д е само околу една десетина од дневната количина што е потребна за да се спречи појавата на болести поврзани со недостаток од витамин Д.

Д-р Гарланд додава дека ова е многу пониско од горната граница што сега се препорачува од „IOM“ како безбедна за тинејџери и млади лица, која изнесува 10.000 ИЕ.

Во друга понова студија се истакнува дека при изложување на сонце во нашата кожа се произведува околу 25.000 ИЕ витамин Д и дека после 7 годишно истражување и суплементи со витамин Д заклучиле дека долгорочна употреба на орални суплементи со витамин Д во дози од 5000 до 50000 ИЕ/ден е безбедно.

Поддржете ја нашата работа: