Дали млечните производи со ниска масленост се поздрави?

Луѓето кои козумираат млечни производи со полна масленост имаат помал индекс на телесна маса и понизок холестерол, се наведува во новата ирска студија. Но, што е со оние кои конзумираат лајт производи?

Научниците од Универзитетот во Даблин го испитале влијанието на млечните производи, млеко, сирење, павлака и путер на 1500 лица од 18 до 90 годишна возраст.

Резултатите покажале дека конзумирањето на полномасни млечни производи не е поврзано со зголемувањето на телесна маса или растот на лошиот (LDL) холестерол во крвта.

Ефектот всушност бил спротивен. Лицата кои се хранеле со тие намирници имале помала телесна тежина и понизок притисок.

“Луѓето кои консумираат многу полномасни млечни производи внесуваат повеќе заситени масти (Лоши масти) од оние кои јадат малку полномасни млечни производи или воопшто не ги конзумираат, но затоа немаат зголемен ЛДЛ холестерол”, вели водечкиот истражувач Ема Фенеј.

Како се возможни ваквите резултати?

Групата од испитаници кои конзумирале лајт млечни производи, се покажало дека имаат повисок LDL холестерол, и тоа е затоа што со внес на производите со ниска масленост испитаниците внесувале поголем процент на јаглени хидрати.

“Она што после овие резултати треба да се разгледа е дека самите овие намирници не се одговорни за зголемување на телесната тежина или холестеролот, туку е важна севкупната исхрана, односно други намирници кои ги консумираат заедно со нив”, додава Фенеј.

Поддржете ја нашата работа: