Дали НАСА откри нова планета како Земјата?

Во исчекување на прес конференцијата која е закажана за денес во 19 часот, на која НАСА најави ќе ги соопшти најновите сознанија од мисијата на телескопот Кеплер, неизбежно си го поставуваме прашањето што ново откри НАСА?

Вселенскиот телескоп Кеплер беше лансиран во вселената во 2009 година, со мисија да бара други планети слични на Земјата. Досега откри неколку потенцијални кандидати, а изгледа дека сега има ново големо откритие.

Телескопот Кеплер откри околу 1.000 егзопланети надвор од Сончевиот систем, а е заслужен и за пронаоѓањето на Кеплер 452Б, планетата која е најслична на Земјата од сите досега откриени планети.

Се претпоставува дека НАСА може да претстави нови детали за оваа планета, или пак да претстави целосно нова планета, а можеби и да открие детали поврзани со црните дупки или пак други космички феномени.

Прес конференцијата може да ја проследите во живо на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: