Дали навистина повисоките луѓе се поизложени на ризикот од рак?

Уште пред 30 години, Д-р. Деметриус Албанес се дрзнал јавно да ја изнесе својата теорија дека повисоките луѓе се поизложени на заболувања од рак за разлика од ниските. Логиката не може да биде поедноставна – повисоките луѓе во своето тело имаат повеќе клетки, па ако започнеме од бројот, а завршиме со нивните делби, поголем секако е ризикот нивната ДНК да се “збуни”, а делбата на клетките да отиде во погрешен правец, напаѓајќи ткиво кое и не е дел од организмот.

Иако разликите во висината на луѓето не се значително големи, разликата во обемот на оваа болест има големо значење.

Во едно истражување пак, Леонард Нунеи, еволутивен биолог од Универзитетот во Калифорнија наведува дека генерално ризикот расте за 10% на секои 10 сантиметри височина. Сепак неговото истражување, објавено во Proceedings of the Royal Society B не го бие добар глас меѓу неговите колеги.

Тие се држат на тези според кои различни работи во развојната возраст влијаат врз висината на растот, односно подоцнежната изложеност на ризик од рак поради исхрана, здравје и социјална средина.

Меѓутоа, Нунеи покажал дека само четири вида на рак не се поврзани со висината, и тоа ракот на езофагусот, панкреасот, желудникот и усната празнина, а сите останати одговараат со неговото тврдење. Притоа се покажало дека високиот раст кај жените посебно се поклопува со ракот на тироидната жлезда, а кај мажи со рак на кожата.

“Високите луѓе се особено изложени на речиси сите видови на рак, но ракот на кожата, како меланомот, покажува неочекувано силна врска со висината, што може да биде поради тоа што високиот ИГФ-1 хормон е висок кај возрасните високи луѓе”, објаснува тој.

Ако на располагање имате двојно повеќе клетки, тогаш имате и двојно поголем ризик да заболите од рак. Ако имате двојно повеќе делење на клетките, тогаш ризикот од рак се зголемува за дури и повеќе од двојно. Делењето на клетките воедно има врска и со човечкиот животен век.

Поддржете ја нашата работа: