Дали се радувате или се плашите од промените што можат да се случат во светот ако роботите навистина „завладеат“ со него? Под „завладеат“ мислиме на можноста да ги извршуваат нашите секојдневни работи, да „одат“ на работа наместо нас, да ни ја задоволуваат секоја, најмала желба?!
Како една од најголемите опасности се истакнува губењето на работните места, односно замената на луѓето со роботи. Притоа, за најголеми виновници за ова ги сметаат менаџерите во компаниите коишто бараат поефикасни технолошки решенија и кои ја потенцираат потребата од роботи за да го добијат тоа што го бараат.
Еден од највлијателните луѓе во технолошкиот свет и еден од првите луѓе на Мајкрософт, Сатја Надел, истакна дека воопшто не треба да се смени курсот на работа, односно дека работниците не треба да се плашат дека ќе останат без работа заради вештачката интелигенција.
Сепак, многумина и понатаму не веруваат во тоа што го зборува, сметајќи дека Мајкрософт е, всушност, компанија што развива решенија засновани на вештачка интелигенција, додека луѓето остануваат без работа.