Девојчето со биотички раце

На Тили Локи, од округот Дурам, Велика Британија ѝ ги има ампутирани двете раце на возраст од 15 месеци откако доби менингококна септикемија од групата Б.

А, денес, 13-годишниното девојче е првиот тинејџер во Велика Британија кој добил пар на 3D печатени биотички раце.

Таа веќе патува низ светот подигнувајќи ја свеста за менингитис – болест која скоро ѝ го одзела животот како бебе.

„Ако имате попреченост, треба да бидете горди затоа што сте единствени и не сте како и сите други“, вели таа за ТВ „Баркрофт“.

„Мислам дека социјалните медиуми играат навистина голема улога, имам многу  следбеници и на сите им покажувам колку неверојатни можат да бидат моите раце. Не ми пречи кога луѓето зјапаат во мене. Кога имав раце-протези во минатото, луѓето ме гледаа збунето, но тоа треба да се смени“, додава таа.

На Тили првично ѝ било дијагностицирана инфекција на уво, но откако нејзината мајка, Сара, ја забележала нејзината ќерка со темни белези низ целото тело, веднаш ја однела  во болница.

Лекарот ѝ дијагностицирал менингитис и му кажал на семејството дека тоа е еден од најлошите случаи што досега ги видел.

На родителите, Сара и Адам, им било кажано да се подготват за најлошото.

Откако поминале четири дена на интензивна нега, на семејството на Тили им рекле дека ќе треба да ги ампутираат рацете.

„Не ни беше сеедно, но важно таа е жива. Навистина е жално, но барем ке живее. Реков  дека ќе ѝ го направам нејзиниот живот најдобар што може да го има“, изјавила мајката.

Тили беше избрана да стане амбасадор за технолошката фирма Open Bionics со седиште во Бристол, која ја произведува Hero Arm и им помага да развијат бионички раце за деца.

Hero Arm е 3-отпечатена мулти-зафатна бионичка рака наменета за луѓе со разлики во екстремитетите.

Софистицираните роботски екстремитети реагираат на нејзините флексибилни мускули веднаш под лактот, дозволувајќи им на рацете да се отворат и затворат.

Тили изјави за ТВ „Баркрофт“: „Сензорите се внатре; што и да правам со мускулите можам да ги контролирам прстите. Ако ги стиснам мускулите, тие ќе се затворат, а ако ги ослободам ќе се отворат. Имам четири различни режими на зафат што го олеснуваат одржувањето на различни работи“, објаснува Локи.

Откако три години живееше со бионските раце, таа многу ги засака и често го менува нивниот изглед!

„Рацете ми се многу уникатни и лични што морам да ги променам кориците за да ми одговорат на расположението или стилот. Јас тоа го сакам. Многу сакам да ги усогласам  со мојата облека. Имам доста различни бои, имам шест или седум пара. Исто е како да избирате нова чанта,со какви чевли ќе ги облечете заедно, и тоа едноставно го сакам!“, вели Локи.

„Таа е апсолутно дете од соништата. Секогаш ги става другите луѓе пред себе“, изјавила нејзината мајка.

Тили е навистина возбудена за иднината на бионика и како унапредувањето на технологијата може да им помогне на луѓето со разлики во екстремитетите.

Поддржете ја нашата работа: