Џеф Вилијамс го сруши рекордот за живеење во вселената

По поставувањето на новиот рекорд за најмногу време поминато во вселената од страна на американски граѓанин, астронаутот на НАСА Џеф Вилијамс и неговите двајца колеги безбедно се вратија од 172 дневната мисија на Меѓународната вселенска станица.

Вилијамс и неговите колеги астронаути, Алексеј Овчинин и Олег Скрипочка од руската вселенска агенција „Rоscosmos“ во вторникот вечерта (6 септември 2016) слетаа во Казахстан. Вилијам досега заврши четири мисии и помина 543 дена во вселената, кршејќи го рекордот на Скот Кели од 520 дена.

За време на неговиот неодамнешен престој далеку од Земјата, Вилијамс стана првиот човек кој се качи на живеалиште на надувување на Меѓународната вселенска станица. Тој, исто така, помогна да се инсталира нова камера со висока резолузија и меѓународен приклучен адаптер, кои идните комерцијални вселенски летала ќе ги користат за да се паркираат на вселенската станица.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.