Долината на гоблините (Goblin Valley) се нарекува државниот парк во американската сојузна држава Јута, кој се протега на површина од 1479 хектари во состав на пустината Сан Рафаел. Именуван е по камените фигури во форма на печурки кои наликуваат на гоблини, обликувани од немилосрдните климатски услови.
Овие формации на некои места достигнуваат височина и до 45 метри, а опкружени се со сув, песковит терен со црвена боја кој потсетува на црената планета Марс.
Во текот на летото, температурата во Долината на гоблините надминува 40 степени Целзиусови, но поради ниската количина на влага и високата надморска висина, релативно брзо се лади. Температурата во текот на ноќта се спушта на 10 степени Целзиусови, па затоа не чуди што на овој простор има многу малку вегетација и животни.
Ова необично место со години претставува глем предизвик за геолозите, научнците, како и за голем број туристи.