Дозволете си “луксуз” додека можете – за 40 години ќе нема чоколадо

Да уживаме додека можеме!

Од една страна имаме глобално затоплување, а од друга, се поголема побарувачка за чоколадо, па така за неколку децении најславниот десерт може да се најде во опасност целосно да исчезне.

Експертите ги изведоа своите предвидувања кои велат дека за околу 40 години може да се случи исчезнување на чоколадото бидејќи какаото помалку се произведува поради се потоплата клима. Имено, Какаото (Theobroma cacao) е мало (4-8 м високо) дрво од фамилијата Слезови (Malvaceae) со потекло од тропските делови на Америка. Од неговите семиња се прави какаова маса (прав) и чоколадо. Дрвото е тропска култура која денес се одгледува помеѓу 20° северна и 20° јужна географска ширина. Тоа бара длабоко и влажно земјиште, умерена температура од околу 27 °C и големо количество на врнежи (1.500-3.800 мм).

Доколку се случи пораст на температурата за само 2.1°C во текот на следните 30 години, тоа ќе доведе до голема штета на растението, а со самото тоа и штета за индустријата која го произведува чоколадото.

Во светот се поизведуваат, главно, два вида какао: обично и фино. Најголеми производители на какао се: Гана, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Бразил. Овие четири земји даваат околу 70% од светското производство, кое изнесува околу 1,5 милиони тони годишно. Главната берза за купопродажба на какао се наоѓа во Њујорк.

Додека температурата расте и извлекува се повеќе влага од почвата на растението, научниците тврдат дека количината на врнежи нема да нарасне доволно за да за надомести загувата на влага. Тоа ќе значи дека фармите за какао ќе бидат принудени да се преместат за 100 метри на планинските височини, каде што се наоѓаат сочувани природни паркови.

Затоа горенаведените места кои произведуваат повеќе од половина од чоколадо во светот, ќе мора да се соочат со големи загуби во економијата.

 

Поддржете ја нашата работа: