Дури 90% од кујнската сол содржи микропластика

Новото истражување проценува дека една возрасна личност годишно во својот организам внесува просечно 2000 парчиња микропластика само преку кујнската сол. Еве што треба да знаете:

Пред неколку години, научниците открија дека микропластиката се наоѓа во морската сол, но до сега никој не знаеше во колкава мера. Според новата студија, во која истражувачите ја испитувале морската, камената и солта добиена од езерата, 90% од солта која ја користима содржи микропластика.

Истражувачите од Јужна Кореја, заедно со истражувачите од организацијата Grinnland од источна Азија, тестирале 39 бренда на сол, од кои 36 содржеле микропластика. Оваа студија е прва која што ја истражувала поврзаноста на микропластичните соли со загадена средина.

“Резултатите покажуваат дека микропластиката пронајдена во солта е многу тесно поврзана со количината на загадувањето во одредени области”, вели Сунг Кју Ким, професор по морска екологија на Универзитетот Инчон во Јужна Кореја.

Испитани биле примероци од сол од северна и јужна Америка, Европа, Азија и Африка. Три бренда на сол кои не содржеле микропластика се рафинираната сол од Тајван, рафинирана камена сол од Кина и нерафинираната сол од Франција, произведена со сончево испарување.

Густината на микропластика во солта варира помеѓу различните брендови. Истражувањето покажало дека солта која содржи најголема количина микропластика доаѓа од Индонезија, а една неповрзана студија од 2015 година исто така открила дека Индонезија е на второ место во светот по загадување.

Оваа студија исто така проценува дека една возрасна личност годишно во својот организам внесува околу 2000 парчиња микропластика по пат на солта. Но, колку е оваа количина штетна засега останува мистерија.

Поддржете ја нашата работа: