Модерното пијано стана стандардизирано, со многу малку промени во основниот дизајн, во текот на последните 100 години. Жиците се поставени дијагонално, прекрстувајќи се во форма на “Х“ со што звукот е концентриран на центарот на таблата.
Баренбоим се инспирирал и решил да експериментира со дизајнот на пијаното откако во септември 2011 година ја посетил Италија и свирел на пијаното на Франц Лист. „Топлите тонови на традиционалните инструменти со прави жици многу се разликуваат од хомогениот тон на модерното пијано“, вели тој.
Својата идеја за ново пијано ја развил заедно со Крис Маин, белгиски произведувач на инструменти, со поддршка од “Steinway & Sons“.
Новото пијано всушност го комбинира пијаното какво што било порано и сегашното модерно пијано, односно ги комбинира допирот, стабилноста и моќта на модерното пијано со транспарентниот квалитет на звукот и препознатливата боја на историско. Нема мешање или хомогенизирање на звукот, што овозможува многу можности за експериментирање со бојата. Можеби ова ќе стане стандарден модел за идните генерации.