Екстремно успешните луѓе делат една особина (видео)

Според Роберт Саполски, професор по неврологија на Универзитетот Стенфорд, поголембиот број од екстремно успешните луѓе имаат една заедничка особина – исклучителна организираност.

Саполски, кој е автор на книгата „Behave: The Biology of Humans at Our Best and Worst” истакнува дека постпи нешто што се нарекува репресивно пореметување на личноста, или нагласен механизам на потиснување.

Луѓето кај кои механизмот на потиснување е изразен не се ангсиозни и не се депресивни. Тоа се високо продуктивни лица, кои се многу предвидливи – тие знаат што ќе вечераат две недели однапред.

Иако повеќето луѓе при средба со вакав тип на лица помислуваат „Зошто не сум барем половина успешен/успешна како овој човек“?, кај нив постои нешто што особено се издвојува. Нивото на кортизол (хормонот на стрес) во нивната крв е зголемено, а нивниот фронтален кортекс е поактивен од вообичаеното.

Тоа значи дека тие вложуваат голем напор во тоа сѐ да држат под контрола, односно никогаш да не дојде до непредвидени работи, што е практично невозможно.

„Кога упорно се обидувате да одржувате ѕид околу себе, тоа бара голем  ментален и физички напор. А потоа, еден ден ќе се случи нешто што е надвор од  вашата  контрола, заради што доаѓа до „согорување“, објаснува Саполски.

„Значи не е сѐ така прекрасно како што изгледа. Сепак, ако тоа се занемари, всушност се работи за екстремно успешни луѓе, кои се трудат да го направат  овој свет што  помирно и подобро место“– заклучува Саполски.

Поддржете ја нашата работа: