Се дебелеете а не јадете премногу? Која е причината?

Група англиски истражувачи спровеле студија која се занимавала со проучување на стареењето и го споредиле нивото на стрес и телесната тежина кај повеќе од 2500 мажи и жени, постари од 54 години.

Истражувањето, кое е објавено во списанието Obesity покажало дека стресот придонесува за зголемување на дебелината и слабеењето, пишува Си-Ен-Ен. Научниците го контролирале износот на стрес хормонот, познат како кортизол, кој се наоѓа во прамените од коса.

“Во прамени од коса пронајдовме одредено ниво на кортизол кој значително влијае на зголемување на обемот на струкот и повисок индекс на телесна маса. Овие резултати покажуваат дека хроничниот стрес е поврзан со дебелината”, вели авторот на студијата Сара Џексон, научен соработник во Институтот за епидемиологија и здравје при Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Кортизол претставува хормон кој настанува во надбубрежните жлезди, а за време на стрес се отпушта во крвотокот. Освен при потиснување на воспаленија и регулирање на крвниот притисок, кортизолот помага при одржување на шеќерот во крвта. Ослободениот кортизол активира рецептори кои се густо сместени во висцералното масно ткиво кое ги опкружува човечките органи, што објаснува поврзаност со стекнување и губење на телесната маса.

Тоа ниво обично се тестира по пат на анализа на крв, урина и плунка, но лабораториските резултати го покажуваат само моменталното ниво.

“Нивото на кортизол варира во текот на денот, во зависност од временските услови, она што јадете, ненадеен стрес, па дури и болест. Затоа, крвта, урината и плунката не можат да ја покажат вистинската состојба кога станува збор за стресот”, вели Џексон

Поддржете ја нашата работа: