Дали сте знаеле дека стресот може да ви го намали мозокот?

Новата студија покажува дека зголеменото ниво на кортизол (хормон кој е поврзан со стресот) кај средовечни луѓе е поврзан со помал обем на мозокот. Овие лица исто така имаат тенденција полошо да ги обработат когнитивните и тестовите за помнење.

Еден тим од истражувачи собрал податоци од 2.231 учесници, од кои 2.018 направиле магнетна резонанца со цел да се измери нивниот мозок. Кај учесниците на возраст од 40-50 години е измерено нивото на кортизолот наутро пред доручек.

Тимот исто така ги вклучил и факторите како што се години и пол, телесна маса и дали се пушачи. Луѓето со повисоко ниво на кортизол се поврзуваат со полоша структура на мозокот.

Интересен факт на студијата е тоа што иако последиците се во взаемна врска со нивото на кортизол, истражувачите не увиделе никакви симптоми на деменција.

Научниците исто така провериле дали повисокото ниво на кортизол е поврзано со APOE4, генетски фактор ризик кој е одговорен за добивање Алцхајмерова болест и кој е поврзан со кардиоваскуларни проблеми. Сепак, тимот не пронашол врска помеѓу нивото на кортизол и генетски фактор.

Секако оваа студија барала поврзанот а не причина. Меѓутоа, истражувачите напоменуваат дека е важно лекарите да внимаваат на нивото на кортизол кај пациентите и да ги советуваат да го намалат стресот, со цел доволно да спијат и умерено да вежбаат.

 

Поддржете ја нашата работа: