На овогодинешната манифестација за избор “Сајт на годината 2018” во Р.Македонија, помеѓу најдобрите сајтови се најде и ЕНаука.мк.
Гласањето за најдобар сајт на годината е веќе во тек. Во овој период сите што сакаат да не поддржат ќе можат да го сторат тоа тука давајќи го гласот за ЕНаука.мк во следните категории:
“Сајт на годината 2018” (бр.34), во категорија “Најдобар сајт за образование, наука и култура” (бр.10), во категорија “Најдобар мобилен сајт” (бр.10), и во категорија “Најдобар сајт за храна и здравје” (бр.8).
Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија.
Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2018 година ќе се одржи на 13.12.2018.