Еве како би изгледал лет над Плутон

Научниците на НАСА, врз основа на фотографиите и податоците добиени од сондата „Нови хоризонти“, направиле извонредна видео снимка која симулира лет над Плутон.

Снимката нуди поглед на површината на Плутон и неговата најголема месечина Харон од поголема близина од таа на која поминува самото летало.

Прелетот започнува над висорамнините југозападно од големото пространство азотен мраз – рамнината Спутник. Набљудувачот прво поминува над западниот дел на Спутник, каде тој се граничи со темниот терен со кратери – Ктулху Макула и планинските венци лоцирани во рамнината, кои се гледаат на десната страна. Движењето продолжува на север ги поминува грубите врвови на Војаџер Тера, а потоа свртува кон југ над  длабоките јами на Пионер Тера, пред да заврши над областа Тартарус Дорса.

Подеднакво возбудлива е и симулацијата на летот над Харон, од длабочините на кањонот Серенити и кратерот Дороти Гејл, темната поларна капа Мордор Макула, областа Оз на север, до широката екваторијална рамнина Вулкан и врвовите на планината Кларк.

Поддржете ја нашата работа: