Фејсбук во наследство?

Се работи за „контакт-наследник“ или контакт на кој корисникот му го остава профилот во наследство, по неговата смрт, со што што се отвара можност за сеќавање и славење на животот на најблиските, кога тие ќе починат.

Функционира на тој начин што сега самите може да одлучите што ќе се случи со вашиот профил на Фејсбук после вашата смрт. Ако си подесите „контакт-наследник“, тој ќе може во ваше име да постира текстови, слики, да прифаќа понуди за пријателства, како и да управува со пораките за сочувство  и сеќавање од вашите пријатели. Со дополнителни овластувања од вас,контактот-наследник ќе може и да преземе архива со вашите податоци или постови кои дотогаш сте ги имале на Фејсбук. А Фејсбук ќе го промени името на профилот, со тоа што ќе додаде „Во сеќавање“ пред вашето име.

Идејата за овој производ поттекнува од докторскиот труд на Џед Брубакер, кандидат за информатички науки на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин. Тој 5 години го истражувал Фејсбук и улогата на смртта во социјалните мрежи за да го развие овој производ кој смета дека може да им помогне на луѓето.

„Профилите на Фејсбук може да бидат вознемирувачки кога некое лице ќе почине, а некој се’ уште му пишува бидејќи не знае. На овој начин, ќе имаме контрола на профилот на починатиот, и ќе и дозволиме на онлајн заедницата колективно да тагува и да се сеќава на починатиот“, вели тој.

Овие промени ќе го направат Фејсбук место со поголема поддршка за луѓето во одреден тежок период. Па, што мислите?

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt