Фукушима со план да стане центар за обновлива енергија

Фукушима планира да се претвори во центар за обновливи извори на енергија, скоро девет години откако стана сцена на најтешката нуклеарна несреќа во светот од времето на Чернобил.

Префектурата во северо-источна Јапонија засекогаш ќе биде поврзана со тројното топење на нуклеарната централа Фукушима Даичи на 11 март 2011 година, но во амбициозен проект локалната власт вети дека ќе го напојува регионот со 100% обновлива енергија до 2040 година, во споредба со 40% денес.

Несреќата во 2011 година, предизвикана од силен земјотрес и цунами, испрати големи количини радиација во атмосферата и ја принуди евакуацијата на повеќе од 150.000 жители.

Проектот од 300 милијарди јени (2,75 милијарди американски долари), чии спонзори ги вклучува владината банка за развој на Јапонија и банка Мизухо не е подржан од владата на Јапонија и премиерот Шинзо Абе.

Абе и неговата влада сакаат да ги рестартираат ефикасните нуклеарни централи кои биле затворени по несреќата, но ова многумина го критикуваат како опасна идеа поради честите земјотреси и цунамиња во државата и потенцијалот за слична несреќа.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.