Ако лебарките можат да преживеат нуклеарна катастрофа, тогаш зошто умираат од инсектицид?

Инсектицидите се отрови, креирани специјално да го погодуваат нервниот систем на инсектите кога директно ќе се напрскаат.

Кога зборуваме за нуклеарните бомби, се случува лебарките да се наоѓаат под површината на земјата доволно долго, додека радијацијата помине и на тој начин нивниот вид преживува.

Отпорноста на лебарките на една од најголемите катастрофи која може да и се случи на планетата Земја, неретко се преувеличува. Вистината е дека ниту една лебарка не би преживеала кога би ја погодила ракета, а така е и со високото ниво на радијација.

Лебарките, како и сите останати инсекти се поотпорни на радијација за разлика од ‘рбетниците првенствено поради својата големина и филтрирачкиот егзоскелет. Поради тоа се поотпорни и на периоди со оскудна исхрана, но и брзо се размножуваат. Поради сите овие карактеристики, научниците веруваат дека лебарките можат подолго да преживеат во однос на ‘рбетниците, било каде на планетата каде што ќе се случи нуклеарна катастрофа.

Од друга страна, инсектицидите се внимателно одбрани хемиски средства кои предизвикуваат брза смрт, карактристични по тоа што имаат резистентно дејство и се задржуваат долго на површината.

Намената на инсектицидот е да убие лебарка, а нуклеарното оружје е наменето за уништување на цели градови. Станува збор само за избор на вистинско оружје во зависност од непријателот кого настојуваме да го уништиме.

Поддржете ја нашата работа: