Генетски модифицирани јаболки кои не потемнуваат

Наскоро, генетски модифицирани јаболки кои не потемнуваат ќе пристигнат на пазарот во Америка. Министерството за земјоделство на САД одобри два вида на вакви јаболки. Тие велат дека јаболките не претставуваат ризик за другите растенија, во форма на бактерии, габички или друг вид на закана.

„Луѓето купуваат со очите, а овие јаболки ќе изгледаат многу поубаво од конвенционалните“, вели Нил Картер, претседател и основач на „Okanagan Specialty Fruits“, канадската компанија која ги произведува.

„Ќе биде потребно извесно време додека да порасне првото растение, а поголемиот дел од првичните плодови ќе биде искористен за испитување на растот и развојот, како и за пробен маркетинг, но најверојатно јаболката ќе се најдат на американскиот пазар во 2017 година“.

Овие јаболки ќе се рекламираат под името „Арктички златни“ и „Арктички грени“ јаболки. Тие се всушност исти како нивните конвенционални видови – „Арктичките златни“ се всушност „Златен делишес“, а „Арктичките грени“ се „Грени Смит“, само што не потемнуваат, а тоа е така бидејќи компанијата го намалила производството на еден ензим одговорен за тоа.
Досега, тестирањара на генетски модифицираната храна покажале дека таа е сосема безбедна, но сепак, оние кои се противат на истата, бараат да се воведе закон за обележување на храната за потрошувачите да знаат што јадат.

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: