Гладот во светот може да се реши со создавање на храна од електрицитет и јаглерод диоксид

Креирана е храна од јаглерод диоксид и електрицитет. Проектот е предводен од страна на тим фински истражувачи кои користејќи систем напојуван од обновлива енергија креирале едноклеточен протеин со доволно хранливи материи за да се сервира како оброк.

Целиот процес вклучува електрицитет, вода, јаглерод диоксид и бактерии. Синтетичката храна била креирана како дел од проектот „ Neo-Carbon Energy“, кој претставува соработка помеѓу LUT (технолошкиот универзитет од Лапенранта) и VTT центарот за технички истражувања во Финска.

Откако материјалите биле изложени на електролиза во биореактор, процесот формирал прашкаста материја која содржи повеќе од 50% протеини и 25% јаглехидрати, текстура која може да се измени со промена на бактериите кои се користат во производството.

Оваа технологија има огромен потенцијал. Со нејзина помош може да се нахрани населението во областите каде е невозможно земјоделско производство на храна, со едноставно транспортирање на биореакторите до местото каде што живеат луѓето.

Направата функционира независно од факторите во животната средина, што значи дека може постојано да ги прехранува луѓето, бидејќи не побарува одредена локација со услови за земјоделство како што се правилна температура, влажност или одреден вид на почва.

Научниците кои се вклучени во овој проект предвидуваат дека ќе помине многу време додека се направи поефикасен ваков систем кој ќе биде на расположлив за критичната маса насекаде во светот, бидејќи на сегашниот биореактор му се потребни околу 2 недели за да произведе еден грам од протеинот.

 

Поддржете ја нашата работа: