„Google“ падна во некои делови од светот

Веб страната „Down Detector“ покажа бројни проблеми со „Џимејл“ и останатите сервиси на „Гугл“ во повеќе делови на светот

Како што истакнале од „Гугл“, компанијата веќе работи за да открие која е причината за падот на мрежите и проблемите при вклучување кои се јавија кај корисниците.

Не сите сервиси се комплетно паднати. Дел од корисниците можат да се вклучат на „Џимејл“ – некои ги отвораат своите сандачиња, но не се во можност да ја испратат својата електронска порака.

Оваа информација мора да ни биде предупредување на сите кои зависиме само од еден сервис без да правиме бекап на нашите битни податоци , мејлови , контакти , слики и т.н.

Колку и да сметаме дека еден систем , компанија или најобична апликација е сигурна и стабилна , светското искуство ни кажува дека не смееме во никој случај да се оставиме нашите бизниси , истражувања и информации да зависат само од еден иако тој еден може да биде гигант како : „Google“ , „Yahoo“ , „ Facebook “

Според објавата на „Гугл“ се’ уште се работи на барање на причината која го создала проблемот.

„Ги истражуваме сите известувања за проблемите при користење на „Џимејл“. Наскоро ќе објавиме дополнителни информации“, стоеше во понова објава на „Гугл“.

Досега се забележани проблеми со „Џимејл“, „Гугл драјв“, „Гугл Докс“, „Гугл мит“ и „Гугл воис“. Преостанатите сервиси како „Календар“ и „Чет’ работат без проблеми.

Поддржете ја нашата работа: