Сите центри и канцеларии за податоци на „Google“ ќе работат на обновлива енергија од следната година, најавуваат од компанијата.
Тоа значи дека наскоро, секогаш кога ќе се најавите на „Gmail“ или пак ќе го стартувате пребарувањето на „Google“, некој обновлив извор на енергија во светот ќе биде искористен за тоа, план на кој „Google“ работи уште од 2010- тата година.
Бидејќи не е логистички можно да се изградат и директно да се поврзат солари централи или ветерници на секоја од зградите на „Google“, компанијата ќе финансира доволно проекти низ целиот свет за да ги надомести барањата за користење на енергија од 5,7 терават – часови годишно.
„За да ја постигнеме оваа цел директно ќе купуваме доволно соларна и ветерна енергија годишно која ќе одговара на секоја единица на електрична енергија која нашите активности ја трошат, на глобално ниво“ – озјавува Урс Хозл, потпретседател за техничка инфраструктура на „Google“.
Со оглед на тоа што повеќе од милијарда луѓе користат „Gmail“ редовно, и корисниците поминуваат стотици милиони часови на „YouTube“, „Google“ троши страшно голема количина на енергија, всушност, речиси исто колку што троши градот Сан Франциско.
Сепак, „Google“ ќе остане поврзан на електричната мрежа во текот на годината и понекогаш ќе користи енергија која не е произведена од обновливи извори, во случаи кога не грее сонце, на пример, компанијата ќе мора да се сврти кон фосилните горива за услугите да продолжат да работат.
Но, планот е тоа да се балансира на годишно ниво, со купување на повеќе од потребните обновливи извори на енергија во други периоди, за да се компезира.
Треба да се направи уште многу голем напредок во врска со ова прашање, но охрабрувачи е да се видат некои од најголемите имиња во технологијата, како „Google“, „Facebook“ и „Apple“ да го водат патот.
Всушност, тоа е добро и за бизнисот, во текот на изминатите 6 години, цената на ветерната енергија се намалила за 60 проценти, додека пак цената на соларната за 80 проценти, укажуваат од „Google“.
Уште поважно, бидејќи овие проекти користат бесплатни природни ресурси, нема да има драматични флуктуации во цената, како што може да има со менувањето на цената на нафтата или јагленот.
„Денес сме најголемиот корпоративен купувач на обновлива енергија во светот достигнувајќи 2,6 гигавати на ветерна и соларна енергија. Тоа е повеќе од многу големи претпријатија и повеќе од два пати од 1,21 гигавати што му беа потребни на Марти Мекфлај за да се врати назад во иднината“ – вели Урс Хозл.