„Google“ ќе почне да наплатува за складирање на фотографии

По пет години во кој нудеше неограничен бекап на фотографии, „Гугл Фотос“ (Google Photos) сервисот ќе започне да наплаќа за складирање по потрошени 15 гигабајти.

Промената ќе се случи на 1-ви јуни 2021 година и доаѓа со други промени во условите за користење на „Гугл Драјв“.

Од компанијата потенцираат дека сите фотографии и документи прикачени пред 1-ви јуни нема да бидат пресметани во лимитот од 15 ГБ, па корисниците ќе имаат доволно време да одлучат дали ќе продолжат да користат „Гугл Фотос“ или ќе се префрлат на некој друг сервис за складирање на нивните фотографии. Само фотографиите кои ќе се прикачуваат по 1-ви јуни 2021 ќе се калкулираат во лимитот.

Гугл веќе ги пресметува фотографиите во „оригинален квалитет“ во нивниот лимит во „Гугл Фотос“, но новината е дека од следната година ќе го укине неограниченото складирање на фотографии и видеа во „висок квалитет“, кои сервисот автоматски ги намалуваше за поефикасно складирање. Ова го одзема и најголемиот адут на сервисот, бидејќи корисниците досега не мораа да се грижат за тоа колку простор имаат преостанато за бекап.

Единствените кои ќе бидат поштедени од оваа промена се корисниците на Пиксел уреди, кои и понатаму ќе можат неограничено да складираат фотографии во висок квалитет.

И откако ќе ја воведат новината Гугл и понатаму ќе остане сервисот со најмногу бесплатен простор за складирање фотографии. Нивната платформа нуди 15 ГБ, за разлика од сервисот на Епл, кој овозможува само 5 ГБ.

Од Гугл тврдат и дека 80 проценти од нивните корисници нема да го надминат лимитот од 15 гигабајти барем три години.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt