Синдромот на хроничен замор (СХЗ), познат и како мијалгичен енцефаломиелит (МЕ), претставува едно од најзбунувачките пореметувања. Претставува исцрпувачка, слична на грип состојба, која се карактеризира со долгорочен замот, но и со голем број други симптоми кои ги оневозможуваат пациентите да ги извршуваат секојдневните работи.
Бидејќи со децении научниците не успеваат да ја откријат причината за оваа состојба, претпоставките на многу доктори беа дека не се работи за „вистинска болест“, туку за психолошки проблем.
Дури пред две години СХЗ/МЕ во САД официјално беше наведена како болест, но сѐ уште нема лек, ниту ефикасен третман.
Практично два најчесто препорачувани третмани за оваа состојба се когнитивна бихевиоралната терапија и вежби, иако не постојат никакви докази дека некоја од нив има ефекти. Некои дури сметаат дека од ова всушност има повеќе штета отколку корист.
Но, сега научниците од Универзитетот Грифит во Австралија покажаа дека СХЗ е поврзана со дефект во одреден рецептор на имунолошките клетки, докажувајќи за прв пат дека се работи за реална болест на телото.
Овој рецептор е познат како „TRPM3“ (transient receptor potential melastatin 3), кој во здравите клетки игра клучна улога – го пренесува калциумот од надвор во внатрешноста на клетката каде помага во регулацијата на експресијата на гените и продукциата на протеинот.
Како резултат на овој дефект, јоните од калциум не стигаат во внатрешност на клетката, што значи и дека функцијата на клетката се нарушува.
Меѓутоа TRPM3 се наоѓа во сите клетки во телото, не само на имунолошките, со што се објаснува зошто овој синдром тешко се дијагностицира и зошто оди со толку тешка симптоматологија.
Ваквата пореметена функција има влијание на мозокот, на ‘рбетниот мозок, на панкреасот и затоа болеста се манифестира толку различно – понекогаш пациентите страдаат од кардиолошки симптоми, понекогаш тоа се стомачни проблеми, велат истражувачите.
Сепак мора да се нагласи дека истражувањето е сѐ уште во рана фаза и ќе треба уште доста работа. Но, научниците веќе работаат на откривање на маркери за овие абнормални рецептри, за да можат да создадат тест за СХЗ/МЕ.
Исто така тие се во потрага по лекови кои ќе делуваат на специфичните канали за јоните на калциум, со надеж дека ќе дојдат до потенцијален третман за болеста.
„Не знаеме дали ќе може да ја излекуваме болеста, но може да им помогнеме на луѓето да водат нормален живот. Ова е многу пострашна болест од тоа што може да се претпостави, луѓе умираат од СХЗ/МЕ затоа што не се сватени сериозно. Покрај тоа, новото истражување укажува на тоа дека вежбите (што им се препишуваат) неверојатно лошо делуваат кај овие болни, бидејќи претставуваат дополнителен стрес за за телото“ – велат истражувачите.