Гребнатинките од мачка може да бидат многу опасни

Мачките се секако многу симпатични и забавни, но понекогаш може да бидат и опасни. Во новиот извештај од Центарот за контрола и превенција на болестите во САД, се нагласува опасноста на која се изложени сопствениците на овие миленичиња.

Според извештајот, болеста што се добива од гребаница од мачка може да предизвика многу посериозни компликации отколку што првично се сметаше. Бактериската инфекција што на мачките им ја пренесуваат болвите, а тие подоцна им ја пренесуваат на луѓето преку гребаници, можат да доведе до сериозни оштетувања на срцето и мозокот доколку  не се третира. Меѓу другите несакани ефекти може да се јават главоболки, треска и отечени лимфни јазли, пишува „USA Today“.

За среќа, болеста може да се превенира. Миењето на рацете после играњето со мачката, чување на мачката внатре, како и редовно третирање против болви, во голема мерка ќе ги намали шансите да се инфицирате.

Како што објаснува „Medline Plus“, болеста добиена од гребаница од мачка (или  инакулациона лимфоретикулоза) ја предизвикува бактеријата „Bartonella henselae“. Инфекцијата најпрецизно се одредува преку анализа на крвта, но болеста честопати тешко се дијагностицира. Болеста обично се лечи со антибиотици, но кај луѓето со ослабен имунолошки систем може да предизвика сериозни компликации како енцефалопатија и невроретинитис.

Поддржете ја нашата работа: