И антидепресивите како цигарите: Навика или зависност?

Според една студија, објавена во списанието The New York Times, луѓето се зависни од антидепресиви, а производителите на лекови имаат многу мала мотивација да направат било што.  несоница, зголемување на телесната тежина, гадење, изгледа не се несакани ефекти од лекот.

Всушност тоа се несакани ефекти од прекинување на антидепресивите, вид на лекови кои најчесто се препишуваат во развиените земји. Некои пациенти мораат да го продолжат дозирањето и после првичната терапија, бидејќи доколку сакаат да престанат несаканите ефекти се фатални.

Компаниите кои произведуваат антидепресиви, лекарите и пациентите имаат скоро никакво познавање од ефектите по прекинувањето на лекот. Антидепресивите лекуваат пореметувања во расположението. Или барем сите ние мислиме дека истите се наменети за таа цел.

Дури ни научниците не се сигурни. Она што се знае дека антидепресивите делуваат додека терапијата сеуште трае. За луѓето кои се борат да имаат нормален социјален живот и да станат од кревет тоа е доволна причина за било кој доктор да им препише антидепресив.

САД ги руши рекордите на лица кои страдаат од депресија и земаат вакви таблети, а со терапијата остануваат подолго време. За две години бројката на заболени се зголемила за 60%.

Многу пациенти се задоволни од делотворноста на лековите, но некои кои пробуваат да прекинат терапија се соочуваат со неочекувани несакани ефекти, особено доколку терапијата траела повеќе од 2 години. Тешко е да се каже колку фармацевтските компании треба да превземат одговорност поради нуспојавите од лекот.

Тие продаваат лекови и затоа не вложуваат многу во истражувања од типот како пациентите да престанат со нивна конзумација. Дури и да ги поминат таквите студии не е сигурно дека откриле било какви резултати. Претходните истражувања исто така покажале дека фармацевтските компании секогаш се мешале во испитувањето на антидепресивите.

Важно е да се напомене дека немаат баш сите пациенти појава на несакани ефекти од лекот, но процентот е премногу висок. Повеќе од 60 проценти. Прашањата кои треба да се одговорат се, колку често се појавуваат нуспојави и како да се постапи доколку се присутни?

 

 

 

Поддржете ја нашата работа: