Кутрата стара Сенија, поларна мечка од SeaWorld во Сан Диего, почина наводно од “скршено срце”, откако по долгото другарување со нејзиниот придружник, беше преместена во друг парк.
Можеби сте слушале и претходно за вакви случаи, каде едниот партнер умира само неколку дена после смртта на другиот. Така на пример, славниот Џони Кеш почина само неколку месеци по неговата сопруга. Се зборува дека умрел од скршено срце и покрај тоа што сертификатот за смртта покажува компликации од дијабетес.
Дали всушност постои наука позади идејата за “скршено срце”? Или тоа е само уште една романтична глупост?
Не може да се побие фактот дека тука станува збор за психолошки стрес, кој не е добар за човечкото здравје, бидејќи влијае на имунолошкиот систем и ве остава изложени на ризик од разни болести. Сепак, постои многу чуден медицински феномен кој го имитира скршеното срце.
Оваа состојба се нарекува “синдром на скршено срце”, или научно позната како Takotsubo cardiomyopathy, акутен стрес – индуцирана кардиомиопатија и синдром на апикален балон синдром.
Овој синдром е предизвикан од ненадеен наплив на адреналин на срцевиот мускул, кој може да предизвика оштетување на едната комора на срцето, при што срцето послабо работи. Ваквиот стрес, ја прави комората да да експлодира како балон. Надворешните симптоми изгледаат скоро исто како кај срцев удар и вклучува болки во градите, недостаток на воздух и колапс.
Една студија од 1997 година, е причина за прв пат да се документира ваквата состојба кај човек. Студијата ја раскажува приказната за двајца пациенти кои доживеале акутна кардиомиопатија и ја објаснува врската со големиот емоционален стрес.
Д-р Александар Лион е консултант кардиолог од Бромптон Кралската болница во Лондон, еден од најголемите срцеви специјалисти ширум болниците во Велика Британија. Тој во моментов ја истражува Takotsubo кардиомиопатијата и се надева дека ќе има можност да ги прошири и анализира своите студии со групи на колеги и други европски истражувачи.
Во интервјуто за Гардијан, тој објаснува: “За еден кардиолог, срцевиот удар значи блокирани коронарни артерии, но во оваа состојба е различно, коронарните артерии се отворени и снабдувањето со крв е во ред. Ние во ваквата состојба гледаме на комори за пумпање кои се парализирани, и се донесени до уникатна и абнормална форма; срцето тогаш личи на тенџере во кое јапонските рибари варат октопод, па оттука произлегува и името”.