И мал стрес ја поттикнува булимијата

Психолозите откриле дека мозок на жените кои имаат проблем со булимија реагира  потполно различно на храна кога е под стрес, од  жените кои го немаат тој проблем.

Во рамките на една помала студија истражувачите од САД направиле скенирање на мозоците на 20 жени, од кои 10 кои имале булимија и 10 кои немале. Наодите покажале дека кај жените со булимја има помал проток на крв во делот од мозокот кој е вклучен во самокритичното размислување.

Ова откритие ја поткрепува идејата дека кај овие лица храната служи како средство за избегнување на негативни мисли за себе.

Кај булимијата лицата  се прејадуваат, а потоа се „прочистуваат“ со тоа што предивикуваат повраќање. Се смета за пореметување во исхраната и состојба во која лицата имаа абнормален став кон храната и сликата за своето тело.

Психолозите веќе долго време сметаат дека прејадувањето е поттикнато од  стрес, а тоа на жените со булимија им овозможува да се фокусираат на храната, наместо на негативните мисли кон себе. Ова е првата студија која покажува што се случува во нивниот мозок.

Во текот на студијата на учесничките им била давана идентична храна, а потоа им биле прикажани неутрални фотографи од разни предмети, после кое следеле серија од фотографии од брза храна и слатки, како пици, сладолед, колачи. Потоа, за да ги доведат во состојба на стрес, научниците  им давале да решат невозможни математички проблеми, по што, повторно им покажувале фотограгфии од слатки и брза храна.

Тогаш од учесниците било побарано да го оценат нивото на нивниот стрес и нивото на желбата за таа храна. Иако сите учеснички тврделе дека им се сменило нивото на стрес, скеновите од мозокот покажало многу различни резултати. Жените со булимија имале помал проток на крв во делот од мозокот што се нарекува прекунеус (precuneus – кој е вклучен во рефлексијата за себе) и тоа додека гледале во фотографиите со храна, додека кај жените без булиија имало зголемен проток на крв.

Сара Фишер, коавтор на студијата и професор на Универзитетот Џорџ Мејсон вели дека научниците очекувале протокот на крв во тој регион да се покачи кога ќе се вклучи самокритиката, или самооценување поврзано со негативни мисли.

И во втората сгудија, во која биле вклучени 17 други жени со булимија, биле добиени истите резултати. Истражувачите тврдат дека намалениот проток на крв претставува знак дека размислувањето за храната ги смирува негативните мисли за себе кај лицата со булимија.

Докторите веруваат дека ова откритие би можело да помогне во контролата на прејадувањето.

„Откривме дека не е потребно многу стрес  за да започне прејадувањето. Би сакала да видам дали на некои жени би им помогнало ако ги совладаат основните вештини за контрола на емоциите. Некои можеби ќе треба да земаат лекови за да го спречат зголемувањето на стресот пред да се прејадат“вели др.Фишер.

Истражувањето е објавено во „Journal of Abmormal Psyhology“.