Прејадувањето има поголема врска со егото, отколку со апетитот, особено кога се работи за мажите, тврдат американските научници.
„Иако за тоа не се свесни, мажите ќе се трудат да изедат повеќе од својот пријател, кога седат во друштво за време на ручек, вечера или скара, со што всушност ја демонстрираат својата машкост и снага“, велат Кевин Нифин и Чарлс Х. Дајсон кои спровеле експеимент на 20 мажи и 20 жени кои учествувале во натпревар во јадење на пилешки крилца.
Натпреварот траел 30 минути, а им било речено дека победникот ќе добие медал кој нема никаква вредност. После натпреварот, жените кои учествувале во него изјавиле дека се чувствуваат непријатно, додека мажите рекле дека им било возбудливо и „cool“.
Истражувачите заклучиле дека мажите се спремни да изедат повеќе кога ги гледаат другите, без разлика дали се гладни или не, или дали имаат или немаат корист од тоа. Ќе се прејадат во ситуации кога постои можност да се покажат.
Авторот на истражувањето Брајан Вансинк заклучува дека мажите се подготвени на екстремно однесување кога ги гледаат други луѓе, особено жени.
Извор: „Vijesti.hr“