Фосилни остатоци од џиновски влекач кој живеел на Земјата пред околу 245 милиони години, означен е од научниците како алка која недостасуваше во сфаќањето за потеклото на диносаурусите.
Истражувачите наведуваат дека суштество што наликува на крокодил, наречено Teleocrater rhadinus, ги руши досегашните теории за потеклото на диносаурусите.
Според истражувањето објавено во списанието „Nature“ , најстариот роднина на диносаурусите – но не и нивен предок, бил месојад, со должина до околу 3 метри, имал долг врат и опашка и се движел на четири нозе, слично како денешните крокодили.
Палеонтолозите претходно сметаа дека ваквото животно би требало да наликува многу повеќе на диносаурусите, да се движи на две нозе, а би било со големина слична на денешните кокошки.
„Teleocrater фундаментално ги менува досегашните модели во врска со тоа како би можеле да изгледаат блиските роднини на диносаурусите“, вели доктор Ричард Батлер од Универзитетот во Бирмингем.
Телеократерите живееле веднаш откако главната група на рептили, наречена archosaurs-и се поделила на две гранки. Од едната се развиле диносурусите и на крај птиците, додека другите еволуирале во денешните крокодили и алигатори.
Фосилните остатоци биле откриени од палеонтологот Рекс Палингтон во јужна Танзанија, уште во 1933 година. Но, бидејќи недостастасувале никои од клучните коски, како тие од зглобовите, досега не се знаело каде би можеле да бидат поставени на евлутивното стебло.
Доктор Батлер и неговите колеги од САД, Аргентина, Јужна Африка, Русија и Шведска извршиле повторно испитување на фосилите, заедно со дополнително окриени фосили во Танзанија во 2015 година, од страна на тим од Вирџинија Тек.
Ова им овозможило на истражувачите да утврдат дека Телеократерите и нивните сродници биле најстарите познати членови од гранката архосауруси, која се развила во диносауруси и птици