Илон Маск: ќе станеме киборзи

На неодамнешниот Самит на светска влада во Дубаи, еден од гостите бил и Илон Маск, сопственик на компанијата Тесла и Спејс Икс. Коментирајќи во врска со сегашната технологија за CNBC и предвидувајќи го нејзиниот иден развој, Маск оценува дека со текот на времето ќе исчезне границата помеѓу биолошкото и дигиталното, односно дека двата моментално засебни ентитети ќе еволуираат во еден.

Дури сега е актуелен проблемот во брзината на обработка и пренос на податоците помеѓу компјутерите и луѓето. Во блиска иднина таа пречка ќе стане акутна, и ќе се свртат кон спроведување на технолошки решенија во телото, особено мозокот. Со други зборови, ќе станеме киборзи доколку сакаме и понатаму да држиме чекор со технологијата.

Ние веќе и станавме такви во одредена мера – неразделни сме од паметните телефони и компјутерите, а благодарение на социјалните мрежи, нашиот дигитален отпечаток живее и после смртта.prostetika-bbc

Зборовите на Маск не се револуционерни, но со оглед на важноста за она што навистина се случува, науката толку напредна што ние веќе имаме некои од карактеристиките на симбиоза со технологијата: простетските екстремитети заменети со вистински, вештачките очи и уши кои го враќаат видот и слухот, додека пејсмејкерите и вештачкиот панкреас буквално ги држи луѓето во живот и значително го подобруваат квалитетот на истите.

muskИнтересно е тоа што Маск, е еден од поддржувачите на идејата дека треба да бидеме внимателни со напредокот и развојот на вештачката интелигенција. Компанијата OpenAI, чија цел е осигурање на трајна доминација на луѓето над идните свесни машини ќе не остави да бидеме ние сами господари на својата судбина.

Судејќи по реченото, нема да бидат потребни никакви машини за човечкиот род да стане потчинет, тоа ќе си го направиме самите на себе.

Поддржете ја нашата работа: