Избегнувањето на глутен го зголемува ризикот од дијабетес тип 2

Резултатите од една голема студија спроведена на Харвард Универзитетот покажаа дека исфрлањето на глутен од исхраната може да го зголеми ризикот од добивање на дијабетес тип 2.

Под влијание на разните прехрамбени трендови, се повеќе лица од својата исхрана го исфрлаат глутенот кој се наоѓа во пченица, ‘рж и јачмен, и дава еластичност на храната за време на печењето. Истражувањата покажале дека само 1% од луѓето имаат целијачна болест, односно не поднесуваат глутен. Останатите 12% кои го усвоиле режимот на исхрана без глутен, би требало уште еднаш да размислат околу нивните навики во исхраната.

Тимот на истражувачи ги анализирал податоците од 200.000 пациенти во последните 30 години, а откриено е дека повеќето луѓе внесувале до 12 грама глутен дневно или 2-3 парчиња леб. Оние кои внесувале најмногу глутен, имале 13% понизок ризик од дијабетес тип 2, за разлика од лицата кои внесувале помалку глутен, внесувале и помалку влакна познати по тоа што се користат како превенција за дијабетес.

Храната, сиромашна со глутен обично има помалку влакна и други состојки (витамини и минерали), што ги прави помалку хранливи.

Се проценува дека околу 6 отсто од населението во Велика Британија има дијабетес тип 2. Оваа болест се јавува поради недоволно производство на инсулин на пакреасот или доколку клетките не реагираат на инсулин и вообичаено се поврзува со дебелината.

“Сакавме да се утврди дали конзумирањето на глутен ќе влијае врз здравјето на луѓето, доколку истите немаат јасна причина да избегнуваат глутен. Глутенската храна често содржи помалку диетални влакна и други микронутриенти, што ги прави помалку хранливи, но тие имаат тенденција да чинат повеќе.” објаснува Д-р Генг Зонг од школата за јавно здравство на Харвард.

Индустријата за здрава храна во Велика Британија расте, а се проценува дека до 2019 година, нејзината вредност ќе биде дури до 550 милиони фунти. Во 2015 година, дури 12 отсто од новите производи не содржеле глутен, за разлика од 2007 година, кога од цело производство таквите производи изнесувале 7%.

Студијата е претставена на состанокот American Heart Association во Портланд, а заклучоците се резултат на сведоштвата на учесниците за конзумирање на глутен.

 

Поддржете ја нашата работа: