Како ќе изгледаат облакодерите во иднината?

2017-та година само што започна, а една производствена компанија веќе гледа 45 години напред во иднината.

Компанијата „Arconic“ замислува 4,8 км висок облакодер, изграден од веќе постоечки материјали, 3-Д печатени материјали, или материјали кои во моментов се во развој, вклучувајќи површини кои јадат смог и балкони кои се повлекуваат.

Оваа кула е дел од поголема кампања на компанијата која е наречена „The Jetsons“, во чест на истоимениот цртан филм од 1962 година.

Инженерите од компанијата работеле заедно со футуристи за да ги замислат технологиите кои ќе бидат најкорисни неколку децении од сега. Според нив, можеби еден од највозбудливите проекти е „EcoClean“ – материјал кој ќе им помага на зградите да се чистат и да го прочистуваат околниот воздух.

image (1)

Друга иновација се самите прозорци чиј дизајн е наречен „Bloomframe“. Всушност тоа се моторизирани прозорци кои можат да се претворат во стаклени балкони за помалку од една минута.

image

„Arconic“ сака да инвестира во флексибилни компоненти кои можат да ги направат згради нешто повеќе од статични гиганти. Компанијата ги изложува овие технологии на саеми низ светот и вели дека ќе се појават на пзарот во блиска иднина, а во меѓувреме продолжува со работа за да ги помести границите на тоа како може да изгледаат облакодерите на иднината.

Некои од другите футуристички дизајни на компанијата вклучуваат летечки автомобили, ултра лесни каросерии и аеродинамични авински крила.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.