Јапонија ќе ја гради најголемата пловечка соларна електрана во светот

Јапонската корпорција Кјоцера почна со изградба на како што велат, најголемата пловечка соларна електрана (по вкупниот капацитет) во светот.

Ова е четврта пловечка електрана на која Кјоцера досега има работено, но оваа би требало да биде најголемата. Објектот, со моќност од 13,7 мегавати ќе се гради на акумулацијата на браната Јамакура, на југоистокот од Токио, а изградбата би требало да заврши во март 2018 година. Објектот ќе биде составен од околу 51.000 фотоволтаични панели и ќе зафаќат површина од 180.000 метри квадратни (или околу 18 фудбалски игралишта).

Се проценува дека електраната ќе произведува 16,170 мегаватчасови енергија  – што е  доволно за задоволување на просечните потреби на околу 4.970 домаќинства и дека ќе амортизира околу 8.170 тони CO2 во секоја година од својата работа (што е еднакво на емисијата на CO2 што се добива при користење на 19.000 барели нафта.)

Овој проект Кјоцера го прави во соработка со францускиот експерт „Ciel et Terre“, што прв воведе користење на вакви пловечки панели уште во 2006 година. Потпорните модули на монтажната платформа се изработени од рециклирачки полиетиленски материјал со висока густина и без метал, отпорен и на корозија и на сончевото ултравиолетово зрачење.

„Ciel et Terre“ вели дека нивните објекти не влијаат на квалитетот на водата, иако го намалуваат нивото на испарувањето. Инсталацијата ќе биде закотвена на дното на акумулацијата. Дизајнирана е да биде отпорна и на тајфун, така што може да се соочи и со најлошите временски услови во Јапонија.

Во моментов најголемата соларна електрана во светот е „Ivanpah“- соларната електрана што се наоѓа во пустината Мохаве во Калифорнија, САД. Има моќност од 392 MW и во однос на површината на која се протега е речиси 100 пати поголема од најновиот проект на Кјоцера.

Но она што е мжеби уште поважно е што технологијата за производство на соларна енергија е толку различна што може да биде разместена во сите делово во светот.

Поддржете ја нашата работа: