Како да го подобрите имунитетот на децата?

Денешните деца се жртви на лошата исхрана со многу масти,газирани пијалоци,слатки, а сето ова води до слаб имунолошки систем.

Некои доктори сметаат дека шест до осум настинки годишно се нормални. Но, постојат здрави навики кои можат да помогнат да го подобрите детскиот имунитет.Добрата исхрана е клучна за развој и одржување на имунолошкиот систем. Најважни минерали се селен,цинк, железо, бакар , магнезиум и истите може да ги примаат преку свежиот зеленчук и овошје и интегрални житарки.

Исто така витамините Б1,Ц,Е и Б12 имаат важна улога во развојот на детето.

Витаминот B1 
-помага во раст и развој, добар е за срцето и нервниот систем,го има во сувиот квасец,зоб,пченица, во зеленчукот, во млекото…

Витаминот Ц важен за имунолошкиот систем
-го има во агрумите(лимон,портокал,цитрон),во зрнестото овошје, во киви, во зелениот лисест зеленчук.

Витаминот Е добар е за црвените крвни зрнца, го успорува стареењето на клетките
– се наоѓа во растителните масла(особено во сончогледовото и маслиновото), во интегралните зрна, во сојата, оревите.

Витаминот B12

-помага при стварање на црвените крвни зрнца,го помага растот, го држи нервниот систем во рамнотежа, го подобрува памтењето
-го има во говедското месо,во џигерот, јајцата,млекото, сирењето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt