Како разводот влијае на децата кои се премногу мали за воопшто да се сетат?

Многу малите деца не ги разбираат последиците од разводот на нивните родители, но во целост се способни да доживеат стрес.

Не сите деца кои имаат разведени родители имаат исти искуства. Каков и да бил разводот, тој различно, но сепак влијае на децата. Разводот на родителите е класичен повод за предпубертетна борба и тинејџерска апатија, но како истиот влијае на многу малите деца кои на него дури и не се сеќаваат?

Експертите се согласни дека многу малите деца не ги разбираат последиците од разводот на нивните родители, но во целост се способни да доживеат стрес и сите негови развојни импликации. Стресот има и свој ефект во било која развојна доба. Незгодниот развод може да предизвика стрес на ниво на токсичност. Иако детето од една година не разбира што значи зборот развод, може да го почувствува.

Последиците од раната изложеност на стрес се многубројни. Истражувањата покажале дека особено непријатниот развод може долгорочно да влијае на здравјето на детето. Децата од разведени родители живеат пократко, послаб им е имунитетот и во поодминати години, често се подложни на настинки. Стресот, а не разводот е причината за негативниот исход.

Една студија од раните деведесетти години покажала дека било кој семеен конфликт, без разлика дали завршува со развод или не, негативно влијае на здравјето на детето, дури и подоцна во неговиот живот.

Тинејџерите подобро ги разбираат нијанските на односот на нивните родители, што може да им помогне во борбата против стресот, но малите деца, сепак мислат дека тие се главниот виновник за разводот на нивните родители.

Поддржете ја нашата работа: