Како ќе се одрази повлекувањето на САД од Парискиот договор?

Со повлекувањето на САД од Парискиот договор за климатски промени би можело до крајот на овој век да се подигне глобалната температура на Земјата за 0,3 Целзиусови степени, – изјави претставникот на Светската метеоролошка организација на ОН (СМО).

Раководителот на одделот за атмосферски истражувања и животна средина, кој работи во СМО, Deon Terblanche вели дека ова е најлошото сценарио и дека станува збор за проценка, со оглед на тоа дека не постои климатски модел кој може да се користи како мерка за потенцијалните последици од одлуката која во четвртокот ја објави претседателот на САД, Доналд Трамп.

“Тоа е проценка на дополнително зголемување на температурата за 0,3 Целзиусови степени, што е директен резултат на повлекувањето на САД од договорот”, рече Terblanche на редовниот брифинг во Женева. “Ова е најлошо сценарио, најлошо предвидување и веројатно всушност и нема да се случи”, рече тој.

Потпишувањето на Париската спогодба во 2015та година, го направија речиси 200 земји, за да се ограничат од глобалното затоплување за помалку од два Целзиусови степени до 2100та година, главно со обврзување за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и други токсични соединенија кои настануваат поради согорување на фосилните горива.

ОН ја опиша одлуката на Трамп како “големо разочарување за глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и да се подобри глобалната безбедност.”

Научниците пред две години предупредија, дека од веќе зголемената температура за еден степен Целзиусов последиците веќе се чувствуваат: суши, поплави, циклони, катастрофални торнада и исчезнување на коралните гребени.

Но +2 степени Целзиусови особено ќе влијаат на нивото на океаните и нивното закиселување, што за многу островски земји значи прашање за опстанок.

Поддржете ја нашата работа: