Научниците се во шок откако женка, претставник на видот леопард-ајкули која се наоѓа во аквариум во Австралија, на свет донела три младенчиња, а била во потполна изолација една година. Експертите велат дека ова е прв пат да се сретнат со ваков случај кај ајкулите.
Леона, е ајкула која развила способност за самооплодување. Партеногенезата (бесполово размножување), која не е ретка појава кај инсектите и водоземците, кај ‘рбетниците досега не е забележана.
Во разговорот за „Independent“, авторите на студијата на едноставен начин објаснуваат што се случило.
Кога Леона ги родила младенчињата, експертите сметале дека на некој начин таа зачувала сперма од мажјакот со кој поминала 12 години пред да ја стават во посебен аквариум, меѓутоа по направените тестови оваа теорија е отфрлена.
Резултатите од тестовите покажале дека младенчињата носат само нејзина ДНК, што значи дека ајкулата постигнала бесполово размножување. Ова е доказ дека одредени видови на ‘рбетници ја имаат таа способност.
Способноста за бесполово размножување досега воглавно е забележана само кај женки кои никогаш немале односи со мажјак. Пред Леона, научниците документирале само два такви примери.
Младенчињата се наречени Клио, Сиси и Џемини.